Велешанец ја дрогирал сопругата и ја принудувал на проституција за пари. Ја принудил да иима сексуални односи со неколку лица во ист ден, за што наплаќал. Насилството траело цели шест години.
Содржината продолжува под рекламата
„Во временскиот период од 2016 до октомври 2022 година, 45-годишниот велешанец во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата сопруга, така што со примена на сила, тепајќи ја и давајќи и наркотични дроги, ја наведувал на проституција. Тој се договарал со различни лица и ја носел жената во Кавадарци, каде што ја принудувал да има сексуални односи со неколку лица во ист ден, за што наплаќал парични средства“ соопшти обвинителството.
Содржината продолжува под рекламата
Имајќи предвид дека во конкретниот случај постојат околности кои упатуваат на можност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на високата запретена казна за ова кривично дело во траење од најмалку 10 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор.
Можеби ќе ве интересира: