Вечерва, Центарот за управување со кризи за да се заштити населението покрај Вардар во Зелениково и Велешко од поплава побара да се пристапи кон намалување на истекот на вода од хидроакумулациите Козјак и Матка, за време на поплавниот речен бран на Вардар во Општина Зелениково – наплив во дел на реката Вардар, по пријавите од излевање на реката во нивите и опасност од поплавување на куќите во Зелениково.
Текстот продолжува под рекламата
Според Управата за хидрометеоролошки работи нивото на Река Вардар во централното подрачје на град Велес е покачено за половина метар. На левата страна има излевање во близина на коритото, но нема поплавено објекти и нема загрозено објекти од ударниот бран, кој веќе го намалува интензитетот.
Текстот продолжува под рекламата
На десната страна од Вардар е далеку од куќите. По контактите остварени со ТППЕ Велес и ЈКП Дервен Велес истите известуваат дека нема јавување од граѓани за загрозени и поплавени објекти од реката Вардар.
Можеби ќе ве интересира: