Жири комисијата на XX ИФАД Стоби, во состав: Јордан Витанов, актер, Љупчо Георгиевски, режисер и Катерина Момева, драматург, што од 2 до 12 октомври се одржа во Театар „Јордан Х.К. Џинот“ во Велес., едногласно ги донесе следниве одлуки за меѓународните награди:
Содржината продолжува под рекламата
Награда за најдобра женска улога е доделена на Илина Чоревска за улогата на Медеја во претставата “My name is Medeja”, режија на Себастијан Хорват, продукција на НУ Народен театар Битола.
Содржината продолжува под рекламата
Награда за најдобра машка улога е доделена на Дејан Донков, за улогата на Креонт во претставата „Антигона“, режија на Александар Морфов, продукција на Драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ – Плеве, република Бугарија.
Награда за најдобра режија е доделена на Александар Морфов за „Антигона“, Драмско-куклен театар “Иван Радоев”, Плевен, Р. Бугарија.
Гран-при на фестивалот се доделува на „Антигона“, режија на Александар Морфов, продукција на Драмско-куклен театар “Иван Радоев”, Плевен, Р. Бугарија.
Специјална награда за оригинално драматуршко толкување и авторство на Билјана Крајчевска за “Жени во собрание”, режија на Ќендрим Ријани, продукција на Театар Комедија.
Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ во своето 20 издание се одржа под мотото „Нови манифести“, од 2 до 12 октомври годинава во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“. Оперските солисти од Националната опера и балет изведоа гала-концерт во чест на лауреатите.
Можеби ќе ве интересира: