Вчера во салата „Бели Мугри“, љубителите на класичната музика имаа можност да уживаат во прекрасните звуци на пијаното, во изведба на две врвни пијанистки од Битола, Татјана Божиновска и Билјана Димовска.
Концертот беше насловен “Музиката раскажува приказни“, а дуото на пијано Божиновска – Димовска во нивниот избор за овој концерт ставија и изведоа дела од познатите балети на Петар Илич Чајковски, Свита од балетот “Заспаната убавица“ и “Оревокршачка“.
Содржината продолжува под рекламата
Дуото пијано во состав Татјана Божиновска – Билјана Димовска делува заедно од 2009 год. и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, и на фестивалите: „Интерфест”- Битола (2009, 2020), „Битфест” –
Битола (2011, 2013, 2018), „Златна лира”- Скопје (2011, 2021), „Прилепско културно лето” – Прилеп, „Музички моменти” – Гевгелија. Во 2013 година го снимаат и своето прво CD.
Можеби ќе ве интересира: