“Нема струја за електричниот стол” на велешкиот театар гостува на ФИАТ фестивалот во Подгорица

Nema struja za elektricniot stol teatar
Nema struja za elektricniot stol teatar

Вечерва во Подгорица, Црна Гора, во рамките на „Фестивалот на интернационалниот алтернативен театар-ФИАТ“, Театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес ќе ја изведе претставата “Нема струја за електричниот стол” по текст на Александр Секулов и режија на Дејан Пројковски.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Покрај претставата “Нема струја за електричниот стол”, и претставата “Мац, Мац”, во копродукција со “Преплет”, режија и кореографија на Филип Петковски, работена според “Мачка на вжештен лимен покрив” од Тенеси Вилијамс, се најдоа во официјалната селекција на ФИАТ фестивалот во Подгорица, Црна Гора.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Фестивалот “Фиат” повеќе од триесет години е еден од најзначајните културни настани во Црна Гора. Фестивалот настанал од желбата за создавање нив простор за размена и здружување на ументичките вредности и идејата и потребата за истражување и третирање на потребите од поместување на границите на театарот, рушејќи ги постоечките модели на театарскиот израз и осмислувахќи нови. Автори како Јан Фабр, Пипо Делбоно, Еуџенио Барба, елен Стујард, Олег Кулик, Родриго Гараија, Арпад Шилонг, Андриј Жолдак и други се дел од историјатот на овој фестивал.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: