Паднати бандери во Чашка и Велес, запалено сено во Каласлари

Невремето кое попладнево го зафати Велес и велешко направи штета на неколку места. Центарот за управување со кризи попладнево соопшти за последици од невремето во Велес и општина Чашка.

На подрачјето на Велес во 16.50ч во с.Каласлари имало запалено сено и паднати бандери. Известени се СВР Велес, а од страна на ТППЕ Велес сеното ќе биде изгасено.

Содржината продолжива под рекламата

Agria

Во општина Чашка во с.Мартолци невреме има направено штети. Од ЈКП Тополка има испратено екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, исто така има и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: