
Времето во земјава денеска се очекува повторно да биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени. УВ= 9.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината.
Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во препораките за заштита на здравјето на граѓаните, на Министесртвото за здравство, се вклучува и Општина Велес.
За да се избегнат топлотни удари од јаките сончеви зраци, граѓаните да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето како што се:
-Да не се излегува надвор без потреба во периодот од 10 до 17 часот, да се престојува во затворени и климатизирани простории. Оние кои имаат потреба да излезат, да најдат можност за почести одмори под сенка.
-Да се ограничи физичкиот напор и физичката активност особено во средината на денот, кога е најжешко.
-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце задолжително да се носат очила и капа. При сончање да се користи креам со висок заштитен фактор.
-Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук и да се избегнува масна храна.
-Да се внесуваат големи количини на течности, особено обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолни пијалоци.
-При влегување во возило, потребно е истото претходно да се проветри.
-Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија во консултација со матичните лекари.
-Задолжително да се мијат земјоделските производи пред нивната употреба
-Да се избегнува храна што не е термички обработена и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.
Можеби ќе ве интересира:
