По етничка основа и без никаква реална потреба, МОН продолжува со сегрегација на учениците во велешката гимназија, реагираат од училиштето

Gimnazija Koco Racin-Veless
Gimnazija Koco Racin-Veless

Од таму велат дека спротивно на анализите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес за реалните потреби и доставениот предлог-план за упис на ученици во прва година во учебната 2024/2025 година, МОН предлага укинување на една паралелка на наставен македонски јазик, со што директно им го скратува правото на учениците деветтоодделенци кои следат настава на македонски јазик. Ваквиот предлог доаѓа со цел продолжување на минатогодишното кршење на наставниот процес исклучиво по етничка основа за политички цели од политички фактори од албанска националност, пренесува Макфакс.

Zito akcija 640x289px

„Имено, на 29.3.2024 година беше објавен конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во РС Македонија, во кој министерот Јетон Шаќири како потписник на спорниот конкурс предлага отворање втора албанска паралелка за сметка на укинатата македонска, иако податоците говорат дека нема реална потреба за тоа.

Agria

Во гимназијата последователно во претходните учебни години се пријавуваат од 25 до 30 ученици за настава на албански наставен јазик, од кои критериумите за упис во прва година (60 поени) ги исполнуваат од 12 до 22 ученици. Во учебната 2020/2021 се запишале 22 ученика, 2021/2022 – 15 ученика, 2022/2023 – 17 ученика, а во учебната 2023/2024 година се запишале 31 ученик, од кои само 20 го исполнуваа условот од 60 поени, а другите се запишаа по указ на министерот, со што се нанесе неправда кон учениците деветтооделенци, кои наставата ја завршија на македонски наставен јазик, конкурираа, но им беше скратено правото на упис со помалку од 60 поени.

Од погоре наведената статистика јасно забележливи е дека нема потреба од втора албанска паралелка, уште помалку од директна интервенција од страна на министерот Шаќири за спуштање на критериумите единствено по етничка основа бидејќи токму овие ученици во текот на годината постигнуваат слаби резултати со евидентирани негативни оцени (ова да се илустрира со оценките на овие 11 ученици наспроти другите 20 од албанската паралека), со што тенденциозно се прави удар и врз реномето на најстарата гимназија во Македонија, која се наоѓа на врвот на образовните институции во земјата“, пишуваат во информацијата од гимназијата.

Во напишаното појаснуваат дека СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес има вековна педагошка и културно-просветителска традиција во градот, постојано вложувајќи се во младите за градење напредни генерации. Во таа насока, во доставениот предлог-план од наша страна првпат е предвидена една билигвална паралелка, која ќе биде поле за натпревар на најдобрите, без разлика на кој наставен јазик (македонски или албански) ја следеле наставата во основното образование.

„Следствено на ова, сметаме дека во објавениот конкурс е нанесена неправда и е неприфатливо решение поради што наставничкиот совет на гимназијата донесе одлука за исправка и усогласување на конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во РС Македонија и усогласување со предлог-планот за упис на ученици во учебната 2024/2025 во прва година до МОН преку градоначалникот на општина Велес, односно во прва година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес да се запишат 204 ученици во 6 паралелки, и тоа:

– 4 паралелки со изведување настава на македонски јазик или 136 ученици со минимум 60 поени;

– 1 билингвална (македонско-англиска) паралелка или 34 ученици со минимум 60 поени;

– 1 паралелка со изведување настава на јазикот на заедницата – албански јазик или 34 ученика со минимум 60 поени“.

Со цел заштита на интересите на учениците, наставниците и велешката јавност, информираат дека гимназијата се обратила писмено до МОН по ова прашање и се надеваат дека ќе преовлада разумот наспроти верската, националната или етничката припадност.

„Со меѓусебно разбирање и усогласување со реалните потреби директно ќе влијаеме на образување и воспитување ученици, идни млади поколенија, кои ќе ја развиваат државата во духот на заедништвото и еднакви можности за сите“, нагласуваат од Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: