Почина Емилијан Поповски – сопственик на СИ-БИ-ЕМ, првото приватно локално радио во Велес и долгогодишен медиумски работник

Почина велешанецот Емилијан Поповски, кој пред две недели беше тешко повреден во железниката несреќа на преминот кај село Горно Оризари. Поповски (46) им подлегна на повредите на `рбетот денеска на скопските клиники.

Емилијан Поповски поголем дел од својот живот го посвети на медиумите. Беше сопственик на првото велешко локално радио СИ БИ ЕМ, по чие затворање долги години работеше и како снимател, монтажер и реализатор во велешката ТВ Канал 21.

Текстот продожува по рекламата

Agria

Кобната несреќа се случи на 18 јули годинава, кога на неговото возило „Цитроен Берлинго“ кое поминувало на железничкиот премин кај село Горно Оризари, налета воз и го удри. Од ударот, Поповски се здоби со тешки повреди, но свесен и контактибилен, беше пренесен во болница. Сепак, повредите беа фатални по неговиот живот.

Текстот продожува по рекламата

Емилијан Поповски на снимањето на спотот за песната „Бонаца“ на групата Ла Манш

Моѓеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: