
На 61-годишна возраст завчера во Велес почина хроничарот, новинар и сликар Љупчо Данов. Данов беше еден од ретките велешани кои грижливо собираше, архивираше и објавуваше фотографии и приказни за стар Велес и важеше за добар познавач на историјата на градот. Исто така, Данов беше вљубеник и хроничар на велешкиот театар.
Тој беше долгогодишен соработник на многу локални медиуми, а во последно време неговите градски хроники ги објавуваше порталот Дума.
Данов имаше неколку самостојни изложби, а беше вљубеник во графиката. За неговата посветеност кон Велес, Љупчо Данов ја доби и 9-то Ноемвриската награда, која ја доделува Општина Велес.
Погребот на Љупчо Данов ќе се изврши денеска во 11 часот на гробиштата во црквата Сврти Пантелејмон во Велес.
Можеби ќе ве интересира:
