
Министерството за внатрешни работи информораше дека во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници.
Содржината продолжува под рекламата
„При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија.“, извести полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира:
- Запленети 283 килограми шверцуван тутун кај Неготино, приведени три лица
- Зголемување на цените на нафтените деривати
- Полицијата изврши контроли во угостителски објекти во Велес – констатирана прекумерна бучава во два локали
- Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, Палевски ќе одговара на прашања од Обвинителството и одбраната
- Големо Коњари убедливо го доби дербито со Башкими