Велешката полиција вчера 13.11.2023 во 10.00 во Велес, го лишиле од слобода А.Ш.(43) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај истиот ден велешката полицијата и со друга активност.
Вчера 13.11.2023 во 15.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.Ѓ.(43) од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.
Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: