Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Н.(30) од Велес кој бил баран по централна потерница, за одлежување казна затвор од една година и два месецa.
„Денеска (07.12.2022) во 12.00 часот на ул.„Димко Најдов“ во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Н.(30) од Велес. Тој бил осуден на казна затвор од една година и два месецa за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, за „тешка кражба“. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Велес за доиздржување казна од речиси 12 месеци“, соопшти МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.
Можеби ќе ве интересира: