34 годишен велешанец кој превезувал мигранти е уапсен. Полициски службеници го запреле возилото „крајслер“ со штипски регистарски ознаки но тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и припадници на АРСМ и продолжил кон село Ваксинце. Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода. При тоа повредил еден припадник на армијата и четворица од мигрантите.
„На 25.08.2022 во 13.00 часот во село Ваксинце, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес. Во возилото „крајслер“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 16 лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници“, соопштија од МВР.
Мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а М.Б. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: