Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес реализираше едукативна работилница во интернатот ОУД „Лазар Лазаревски“ во Велес на тема „Трговија со луѓе“.
Содржината продолжува под рекламата
Од страна на полициските службеници преку посебна видео презентација на учениците им беа претставени низа основни аспекти за криминалот од областа на трговија со луѓе.
Содржината продолжува под рекламата
Притоа особено внимание беше посветено на сегментот од трговијата со луѓе каде што децата и младите се таргет на криминалните групи, односно беа презентирани информации како да се препознаат овие криминални облици. Полициските службеници на учениците им предочија и низа практични полициски искуства и примери во врска со ваквата појава како и санкционирање на истата, вклучително и на превентивни мерки и активности важни за заштита и запознавање на младата популација од опасностите кои трговијата со луѓе може да ги предизвика.
Можеби ќе ве интересира: