Тони Михајловски добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко” за 2024 година

5re press 2024 godina

Тони Михајловски е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко” за 2024 година. Ова беше соопштено на прес конференцијата која се одржа во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Преку сите овие области тој се етаблира во една од најсестраните личности во македонската култура и уметност и во секоја од нив остварува автентични, препознатливи изведби и дела, забележани и од публиката и од критиката. Преку остварените ликови тој испишува голем дел во историјата на театарот. Михајловски е актер кој вредно и трпеливо ја гради својата кариера и прерасна во една од најдоминантните појави не само на македонската, туку и на балканската театарска и филмска сцена. Тој е еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и надвор од нашата домашна продукција. Актер кој стана миленик на публиката од целиот Балкан, комплексна актерска личност кој реализира карактерни креации без исклучок дали се главни или споредни, низ кои се препознава и надградува стилот на неговата игра: сигурноста и квалитетот на индивидуалноста на Михајловски, неговата енергија и страст кон штиците што живот значат, кон камерата и моќта да го постави и толкува ликот низ неговата душа. Со појавата на Тони Михајловски, театарот и филмот како медиуми станаа побогати, а публиката е таа која со нетрпение го исчекува секој негов нов лик, ново искуство, нова потврда на неговата актерска величина“, стои во образложението на членот на жири комисијата Слободанка Чичевска.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Наградата на Тони Михајловски ќе му биде врачена на пригодна свеченост во рамките на одржувањето на фестивалот „5ре“ којшто годинава ќе се одржи по трети пат од 20 до 31 март во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: