Денеска се одржа првата конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Велес, на која официјално беа верификувани мандатите на 23-те новоизбрани советници што во наредните четири години ќе ги претставуваат граѓаните.
Советот е составен од претставници на повеќе политички партии. Најголем број советници доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ – Даниел Јаневски, Лилија Чолакова-Дервишова, Весна Атанасовска, Нада Јованова, Жарко Манасков, Елизабета Митревска-Анѓелеска, Александар Илиевски, Маја Демерџиева, Изабела Апцева, Игор Стојанов, Селма Амедоска, Слободан Наков, Ивона Јовиќ, Мартина Стаменкова, Васко Гетов и Благојка Наунова.
Од коалицијата предводена од СДСМ мандати добија Јованче Манасков, Мирјана Петрушевска Савова и Драган Стојанов.
Партијата Левица ќе има тројца претставници во Советот: Димче Ацков, Ѕвезданка Пешиќ и Анета Стајиќ. Од Движење ЗНАМ во составот влезе Милка Панова.
На почетокот на седницата, избраните советници дадоа свечена изјава со која се обврзаа дека функцијата ќе ја извршуваат совесно и одговорно, во интерес на граѓаните на Општина Велес.
Со верификацијата на мандатите започнува четиригодишниот мандат на новиот советнички состав, кој во наредниот период ќе ја носи локалната законодавна власт и ќе одлучува за развојните политики на општината.


















