По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска Општина Градско, во соработка со свештени лица од Повардарската Епархија организира положување на животворниот Крст во водите на реката Вардар од мостот кај село Уланци.
Содржината продолжува под рекламата
Најсреќниот меѓу кандидатите кои се пријавија и влегоа во осветените води на Вардар беше Зоран Илиќ.
Содржината продолжува под рекламата
Илиќ заедно со крстот од Повардарската Епархија во наредните 30 дена ќе ги посети домовите на православните верници во населените места во Општина Градско. Тој од Општината Градско и бројни спонзори доби повеќе награди.
Можеби ќе ве интересира: