
Македонските граѓани денеска прославуваат 121 година од Илинденското востание и прогласувањето на Крушевската Република, како и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.
Содржината продолжува под рекламата
По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседатeлката Гордана Сиљановска Давкова, во Пелинце, ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.
Содржината продолжува под рекламата
Потоа, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Во манастирот треба да биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
На чествувањето на Илинден во Крушево ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе положи цвеќе на горобот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен, а ќе има и обраќање пред присутните граѓани.
Можеби ќе ве интересира:
- Историски успех за Боречкиот клуб Борец – Прва државна шампионка во женско борење
- Борец Фруитленд се појави со девет играчи, службена победа за Еурофарм Пелистер 2
- Стихозбирката „Километри широк, метар длабок“ на Светлана Босилкова-Далевска промовирана во велешката библиотека
- Последно збогување со Папата Франциск: Светот му оддава почит на Плоштадот Свети Петар
- (ФОТО) Полициски марш за тимски дух и зајакнување на врската со заедницата во Велес