Македонија на 85-то место на светскиот индекс на корупцијата

Македонија со индекс 40 се најде на 85 место во денеска објавениот Извештај за перцепцијата на корупцијата на Транспаренси интернешнал (ТИ). При тоа се наведува дека недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција ги поткопува напорите во вистинска насока на властите. Македонија лани имаше индекс 39 и беше на 87 место.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во извештајот на ТИ во 2021 година Македонија беше рангирана на 111-то место со 35 бодови. Во Западен Балкан пред Македонија се Косово на 84 и Црна Гора на 65-то место. Србија со индекс 36 на 101-то место и Босна и Херцеговина со индекс 34 на 110-то место, како што се наведува, достигнале историски најниски нивоа оваа година среде нивните борби со владеењето на правото и заробени судските органи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Државите од Западен Балкан продолжуваат да се борат да го контролираат организираниот криминал, a институциите со недоволно ресурси немаат капацитет или независност да се справат со проблемот – делумно поради корупција. На прво место на листата е Данска со индекс 90, додека на последното Сомалија со индекс 12.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35732/pretezhno-sonchevo-so-studeno-utro/