Четириесет велешани се меѓу 1295 нови случаи на Ковид-19, од вкупно направени 3315 тестирања.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа состојбата по градови изгледа вака:
Скопје 539-Куманово 55-Дебар 3-Штип 36-Прилеп 92 -Тетово 83-Струга 35-Велес 40-Битола 50-Охрид 26-Кавадарци 34-Гостивар 72-Гевгелија 24-Струмица 23-Крива Паланка 7-Радовиш 3-Крушево 3-Кочани 32-Пробиштип 7-Демир Хисар 16-Пехчево 2-Берово 11-Виница 7-Делчево 5-Кратово 6-Свети Николе 13-Кичево 40-Ресен 13-Неготино 18.
Починати се 26 лица, шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти од:
Скопје 190-Куманово 25-Штип 18-Прилеп 40-Тетово 30-Струга 1-Велес 26-Битола 11-Кавадарци 12-Гостивар 14-Гевгелија 13-Струмица 23-Крива Паланка 1-Крушево 1-Кочани 8-Пробиштип 1-Демир Хисар 1-Берово 1-Свети Николе 3-Кичево 4-Ресен 1-Неготино 5.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.
Можеби ќе ве интересира: