Сто и пет возачи се казнети денеска на автопатот Куманово – Скопје – Велес од мобилната единица на МВР за безбедност на сообраќајот на патиштата, која спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти Министерство за внатрешни работи.
МВР укажува дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.
Можеби ќе ве интересира: