Комисјата за заразни болести допрва ќе одлучува за рестриктивните мерки за прeстојните празници

kovid maski lugje
kovid maski lugje

Министерот за здравство Венко Филипче дека при посетата на модуларната болница во Витола рече дека Комисјата за заразни болести допрва ќе одлучува за рестриктивните мерки за прeстојните празници.

Zito akcija 640x289px

„Во однос на престојните празници допрва ќе зборуваме и ќе видиме дали Комисјата нешто ќе препорача, на еден од претходните состаноци најавивме дека ова специфично ќе го дискутираме, но да ве потсетам дека за време на минатогодишните празници имаше построги рестриктивни мерки, а сепак се појавија нови и нови пациенти“, нагласи Филипче.

Agria

Според Филипче, земјите што вовеле карантин и пoлициски час многу построги од нашите, по појавувањето на новиот бран, повтроно не добиле резултати.

„Суштината е во почитување на веќе важечките превентивни мерки. Ние имаме балансирани мерки, има рестрикција во движење за категоријата граѓани кои се помлади, за кои забележувме дека, по завршувањето на работата на угостителските објекти, се групираа во паркови, на јавни површини и таму не се почитуваа превентивните мерки, ниту носеа маски ниту се држеше дистанца“, објасни министерот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: