Нови 22 заболени во последните 24 часа

Нови 22 заразени од коронавирус во последното деноноќие се регистрирани во Македонија. Најголемиот дел од нив се од Скопје, со што 60 отсто од заразените доаѓаат од главниот град на државата.

Zito akcija 640x289px

Со новите заболени, вкупната бројка на заразени од КОВИД-19 во земјава изнесува 136 лица.

Agria
bolnica Bergamo

Министерството за здравство утрово објави дека од коронавирус починал 63-годишен маж Дебар, кој е втората жртва на оваа болест во Макеоднија. Во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 63 годишен пациент од Дебар, по нагло влошување на клиничката состојба. Тој бил хоспитализиран на Клиниката на 17 март без покачена температура, со наод на белите дробови.

На Инфективната клиника денеска се прават шест контролни брисеви на пациенти кои се веќе хоспитализирани, од кои тројца пациенти се во потешка состојба, еден во средно тешка, и двајца пациенти се со лесна клиничка слика. Испитувањата се прават согласно времето кога се примени на Клиниката, кога се тестирани и со оваа анализа ќе се покаже дали се уште се носители на вирусот, без разлика на формата и клиничката состојба. Кај сите лица во врска со Клиниката за кожни болести веќе е поминат периодот на инкубација од 14 дена и во моментот се прави распоред и план сите тие да се тестираат во претстојните денови, со цел да се вратат на работното место.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 7 пациенти помалку, што е охрабрувачко, но не треба да се заборави дека се уште сме во тренд на зголемување на бројот на пациенти и дека мерките мора да се почитуваат.