Во текот на вчерашниот ден околу 16.30 часот, во затворот во Шутка, 61 годишен професор од Тетово осомничен за силување на 8- годишно девојче си го одзема животот.
Професорот во ќелија бил заедно со други притвореници, но вчера кога требало да се реализира едночасовната прошетка во дворот на затворот, тој не излегол од просторијата, при што користејки ги затворските чаршави успеал да се самоубие.
Шеесет и едногодишниот тетовски професор беше уапсен на крајот на февруари за обид за силување. Мајката на девојчето го пријавила обидот за силување, кој таа го спречила.
Можеби ќе ве интересира: