Премиерот Заев денес ќе донира амбулантно возило за струмичката болница, информираат од Владата.
Како што се наведува во соопштението, донацијата ќе биде реализирана на денешната работна средба со министерот Венко Филипче и директорот на општата болница д-р Наќе Гогов.
Директорот на болницата Наќе Гогов при крајот на месец октомври бараше донации и алармираше дека стрмичката болница нема доволно возила. Тој напомена дека до крајот на годината треба да пристигнат уште две нови амбулантни возила од Министерството за здравство, со што болницата ќе ги има сите услови за превоз на пациенти.
Можеби ќе ве интересира: