Мал пораст на заразени велешани во изминатите 24 часа

Veles crkva
Veles crkva

Нови 493 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, 34 се во Велес, каде што има и 27 оздравени пациенти. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес според Министерството за здравство еден починат пациент како последица од Ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови е следна:

Agria

Скопје 210-Куманово 28-Штип 14-Прилеп 14-Тетово 7-Струга 6-Велес 34-Битола 15-Охрид 24-Кавадарци 32-Гостивар 10-Гевгелија 17-Струмица 17-Крива Паланка 6-Радовиш 7-Крушево 1-Кочани 5-Пробиштип 3-Македонски Брод 1-Демир Хисар 1-Пехчево 5-Берово 6-Валандово 5-Виница 1-Свети Николе 2-Кичево 9-Ресен 5-Неготино 8.

Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56г), еден од Куманово (35г), двајца од Струга (75 и 64г), еден од Велес (70г), двајца пациенти од Битола (70 и 56г), еден од Охрид (80г), еден од Кавадарци (73г), еден од ПЕ Гевгелија/ Богданци (63г), еден пациент од Крива Паланка (65г) и еден пациент од Неготино (67г). Пациентите се починати во болнички услови

.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 450 оздравени пациенти од:-Скопје 154-Дебар 15-Штип 32-Прилеп 32-Тетово 18-Струга 16-Велес 27-Битола 34-Кавадарци 23-Гостивар 17-Гевгелија 11-Струмица 14-Крива Паланка 4-Радовиш 6-Кочани 1-Пробиштип 5-Македонски Брод 2-Валандово 1-Виница 3-Кратово 1-Свети Николе 6-Кичево 8-Ресен 1-Неготино 19.

Досега во Македонија се направени вкупно 399.163 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82794, бројката на оздравени пациенти е 60706, на починати е 2488, а бројот на активни случаи изнесува 19600.

Во моментов активни случаи со Ковид-19 во Велес се водат 559 лица, а од почетокот на епидемијата вкупно во Велес починаа 93 лица.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: