Марш за одбрана на новинарското достоинство

Mars za odbrana na novinarite

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најавија дека денес ќе одржат марш за одбрана на новинарското достоинство.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Маршот, како што е најавено, ќе започне од пред зградата на Владата, а медиумските работници ќе се движат до Собранието на Македонија. ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите медиумски професионалци да се приклучат на маршот, на кој ќе бидат доставени и барања до Владата и Собранието за итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање, а ќе биде побарано јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите, да се стави крај на агресивниот државен пи-ар, да се даде поддршка за локалните новинари и медиуми, да се почитуваат работничките права на новинарите и медиумските работници, како и да се обезбедат безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

ССНМ и ЗНМ исто така ги повикува сите медиумски професионалци на протестен марш на кој заеднички и сплотено ќе го изразат незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба, истакнаа од Синдикатот

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: