Мицкоски: За брзо ќе ги имаме ланците на маркети ЛИДЛ

mickoski34-2

Премиерот Христијан Мицкоски не неговиот официјален фејсбук профил објави дека вчера во Владата одржал средба со менаџментот на ЛИДЛ, на која бил информиран за потешкотиите и административни пречки со кои се соочувал германскиот ланец маркети од претходната Влада.

Zito akcija 640x289px

„Денес имав средба со дел од менаџментот на ЛИДЛ кој подолго време превземаат активности за почеток на инвестицијата во државата. Разменивме информации за бројните потешкотии и административни бариери со кои се соочувале од претходната Влада. Инвеститорите кои сакаат да вложат во економскиот прогрес и ќе вработат македонски граѓани не смеат да бидат ставени на страна. На брза трака ќе го откочиме процесот и за брзо ќе ги имаме ланците на маркети ЛИДЛ, стои во објавата на фејсбук профилот на премиерот Мицкоски.

Agria

ЛИДЛ е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна. Заедно со Кауфланд е дел од групата SCHWARZ чие седиште се наоѓа во Некарсулм, Германија. Присутен е во 31 земјa, каде оперативно работи со околу 12.000 продавници и вработува повеќе од 360.000 луѓе. ЛИДЛ од септември 2021 година е присутен и во земјава.

Можеби ќе ве интересира: