Министерот Спасовски се врати на работните обврски после битката со Ковид-19

Oliver Spasovski

Првиот човек на чело на македонската полиција Оливер Спасовски од денска се враќа на работа Министерството за внатрешни работи, откако беше позитивен на Ковид-19, а поради компликации беше и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Тој вели дека борбата со болеста е едно големо искуство.

Zito akcija 640x289px

Спасовски вели дека ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме.

Agria

„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог“, напиша Оливер Спасовски.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15896/video-treta-pobeda-vo-tretiot-mech-od-prvenstvoto-za-borecz-basket/