Младите тетовци го сакаат стрипот

Strip Tetovo

Како дел од грантот „Аll we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE” ,финансиран од страна на
ОБСЕ-Мисија Скопје, на 21 .06.2024 во просториите на Уметничката Галерија Тетово (стариот
АМАМ) се отвори изложба од делата на тематскиот стрип конкурс на национално ниво.
Воедно, беа доделени дипломи и сертификати за учениците, менторите и училиштата од овој
град, коишто беа вклучени во овој грант.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Како што истакна Томе Трајков-координатор на грантот и Стрип центар на Македонија-Велес ,
масовноста прокламирана на конкурсот(263 пријавени ученици) како и посетата на изложбата
во Тетово е доказ за исправноста на заложбата за соработка со училиштата, како и отварање
на стрип јадра во секој град. Последниве 20 г во Македонија е придвижен процес на
своевидна стрип еволуција ,видливоста на резултатите е се повеќе изразена.Квантитетот раѓа
квалитет , но и потенцијална читачка публика којашто треба да се насочи кон националната
стрип култура а тоа се секако домашните стрип автори и изданија.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Заради насочување на јавноста и институциите кон домашниот стрип и можностите којшто
истиот го нуди во социјалната сфера, во склоп на грантот „Аll we are saying is GIVE INCLUSION A
CHANCE” ќе се организира пригоден стрип настан во Скопје, како државна метропола.Истиот
ќе се изведе после летниот распуст-нагласува Трајков.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: