Монах на 114 годишна возраст го победи коронавирусот

5ef77bc33ee26.image_
5ef77bc33ee26.image_

Веста за оздравувањето на старецот од Ковид 19, за кого се верува дека има над 100 години, лекарите сметаат дека е чудо, пренесува Би-би-си.

Zito akcija 640x289px

Неговото семејството тврди дека тој има 114 години, што значи дека е најстариот човек во светот, доколку би имало официјален документ со кој би го потврдил тоа.

Agria

Докторите велат дека дека најранливата група луѓе се оние постари од 80 години, а овој атогодишник, монах на етиописката православна црква, е отпуштен од болница по помалку од три недели.

„ Додека бев во болница се молев на Бога за здравје. Плачев и се молев целата земја повторно да биде здрава“ рекол монахот Тилахун Волдмајкл за Би-би-си.

Монахот дознал дека е позитивен на Ковид-19 во спорадично тестирање спроведено во неговото соседство во Адис Абаба и бил примен во болницата пред да се појават симптоми на болеста, што му даде можност на лекарскиот тим внимателно да го следи од самиот почеток.

Кога му се појавија симптомите, тој веднаш кислород, антибиотик и дексаметазон, ефтин и широко достапен стероид за кој англиските истражувачи велат дека го намалиле бројот на смртни случаи на сериозно болни пациенти за една третина.

Од болницата не можат да потврдат дали старецот навистина има 114 години, но според мислењето на лекарскиот тим, извесно е дека е постар од 100 години. Лекарите процениле дека тој имал 109 години.

Во моментов за него се грижи неговиот внук, кој изјавил дека неговиот дедо се чувствувал добро и покрај неговата возраст, и дека неговиот глас само ослабел малку после болеста.

Во Етиопија досега се потврдени 5.570 случаи, а 94 лица починале како резултат на инфекција со вирусот.

Можеби ќе ве интерсира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: