МВР препорачува граѓаните да не одат во правецот према преминот кај граничниот премин „Богородица“, пожарот од грчка страна ја затвори оваа граница

Granica Gr kon Mk
Granica Gr kon Mk

Граничниот премин Богородица е затворен поради пожарот кој изби од грчата страна на границата.

Zito akcija 640x289px

Од македонското МВР известуваат дека во моментов сообраќајот преку Граничниот премин е во прекин и се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот.

Agria

„По неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран“, се вели во пораката на МВР до граѓаните.

AMСМ објави дека возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран.

„Макфакс“ претходно објави дека пожарот избил на тревна површина во близина на границата кај Евзони по 12 часот. Грчките медиуми јавуваат дека на гаснење на пожарот работат 22 пожарникари и 10 возила, а има и хеликоптер, кој го гасне пожарот од воздух.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: