47-годишно лице од Р.Турција со престојувалиште во Скопје е приведено откако претходно по него турската полиција имала распишано меѓународна потерница за убиство.
„На 05.05.2021 во 17 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода З.С.(47) од Р.Турција со престојувалиште во Скопје, кој се барал по меѓународна потерница за сторено крвично дело „убиство“, велат од МВР.
Турскиот државјанин е задржан во полициската станица Карпош за понатамошна постапка, информираат од МВР.
Можеби ќе ве интересира: