На аеродромот во Хелсинки кучиња откриваат Ковид-19

Aerodrom Helsinki proverka kovid so kuce
Aerodrom Helsinki proverka kovid so kuce

Финска распореди дресирани кучиња на аеродромот во Хелсинки кои откриваат патници заразени со новиот коронавирус. Четири кучиња од различни раси, обучени од финското Здружени за откривање на мириси, од средата почнаа со „работа“ на аеродромот во Хелсинки. Четири месечното истражување на алтернативни методи за тестирање на Ковид-19 е проект финансиран од финската Влада.

Zito akcija 640x289px

Финска се одлучи на такво тестирање откако во студија на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Хелсинки навести дека дресирани кучиња можат да го откријат новиот коронавирус со сто проценти сигурност.

Agria

Патниците кои се согласија бесплатно да се тестираат на аердромот во Хелсинки не мораа да имаат директен физички контакт со кучето. Тие требаа само да се избришат со марамче и да го стават во тегла, а потоа кучето го мириса во одвоена кабина. Финска е втора земја во светот која обучи кучиња за детектирање на Ковид-19. Такво тестирање летово беше спроведено во главниот град на Обединети Арапски Емирати.

Извор: libertas

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: