На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата, на Блаце пренасочување на твораниот сообраќај

Bogorodica granicen premin 29.7.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека од 6.30 часот на ГП Блаце поточно кај бензинската пумпа „Дизел“, товарниот сообраќај е пренасочен.

Agria

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: