Деца болни од рак кои се на долготрајно лекување во болнички услови од септември ќе им се овозможи да бидат вклучени во формалниот процес на образование.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска рече дека ваквиот потег е поради тоа што на Детската клиника има дечиња кои се наоѓаат на подолготрајно лекување, поради што не можат да ја следат редовната настава.
Од здружението САНО, кое им помага на децата заболени од канцер или други малигни и хронични болести дека е ова историски чекор пред се за децата.
Целта е децата да немаат застој во воспитно – образовниот процес и по завршување на лекувањето, полесно да се ресоцијализираат, да се вратат во училиштето и меѓу другарчињата вели директорот на Клиниката за детски болести.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска рече и дека ќе биде разгледана и можноста од септември образовните власти ќе се потрудат ваков вид настава да има и за ученици кои се рехабилитираат по повредите во пожарот во „Пулс“.