На Мијалков му застаре делото за „Титаник 2“

saso mijalkov

Денеска на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков му застарува делото за учеството во изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, случај попознат како „Титаник 2“. Претходно Апелацискиот суд ја одложи седницата за предметот за 13 април, на која требаше да биде донесена пресуда.

Zito akcija 640x289px

Во повторениот процес, Мијалков беше осуден на 2 години затвор. Претходно, првиот процес со слична казна беше поништен од скопска Апелација и вратен на повторно судење во скопскиот Кривичен суд.

Agria

За овој предмет беше обвинет и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Според обвинението на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), Мијалков преку Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од Државната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Мијалков е обвинет за четири предмети од страна на Специјалното јавно обвинителство. За „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ му се суди вторпат, откако Апелација ги поништи пресудите со највисоки казни што му беа изречени. Апелациониот суд-Скопје пред две недели ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и припадниците на поранешната полициска единица „Алфи“ во случајот „Тортура“, откако претходно ослободителна пресуда донесе Кривичниот суд.

Единствената правосилна затворска казна Мијалков ја доби за случајот „Империја“ во кој се спогоди со обвинителството. Тој одлежува три години, во затворот од отворен тип во „Струга“.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37614/pred-veligdenskite-prazniczi-zasileni-inspekcziski-kontroli/