Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 36 пациенти, што е за седум пациенти помалку од вчерашниот ден. 31 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а четир пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 13 пациенти.
На инфективното одделение се сместени 16 пациент, во Модуларната болница има 17 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат тројца пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа поради компликации од ковид-19 е примен еден пациент, испишани се пет пациенти со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: