Неделата нема повеќе да биде пазарен ден

Нема повеќе недела – пазарен ден. Измените на Законот за работни односи кои наскоро ќе влезат во собраниска процедура, а со кои недела ќе се прогласи за неработен ден, забрануваат работа во недела и на зелените пазари. Тие не се помеѓу 39-те дејности кои се исклучок од оваа новина.

Zito akcija 640x289px

Пазарџиите се револтирани. Велат дека пазарите најмногу работат во недела, а доколку неделата се прескокне, ќе претрпат штета и нивните земјоделски производи.

Agria

„Ќе изгубиш цел пазар, ќе се поремети ритамот, а и народот е научен во недела да пазарат, кога се слободни. Во текот на неделата луѓето се на работа, не можат да пазарат или доаѓаат после 15 часот. Ние тогаш си заминуваме. Имаме муштерии кои поради работните обврски ги чекаме да дојдат само во недела“, рекоа пазарџиите со кои поразговаравме на пазарот во Велес.

Реагираат и од Групацијата на пазари при Стопанска комора. Тие велат дека има пазари во земјава на кои неделата им е единствениот пазарен ден. Се надеваат дека ова е ненамерен пропуст на предлагачот на законот. Во спротивно, велат, штета ќе претрпат 30-тина илјади граѓани кои живеат од продажба на пазарите.

„Поентата е пазарџиите да не изгубат, со тоа што нема да можат да ги пласираат своите производи, а исто така и граѓаните да не изгубат, со тоа што не ќе можат во недела да дојдат и да си пазаруваат. Најпосетен пазарен ден во седмицата е недела. Нашиот став е во недела да се работи, а вработените во фирмите кои стопанисуваат со пазарите да си добијат празнична дневница“, рече Љупчо Лазевски од Групација на пазари при Стопанска комора.

Љупчо Лазевски – Групација на пазари при Стопанска комора

Сепак, според одговорот кој го добивме, се чини дека Министерството за труд и социјална политика нема намера да им дозволи на пазарите да работат во недела. Оттаму велат дека целта на ваквото законско решение е да се подобри балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот и со неработењето во недела, да се постигне подобра семејна усогласеност меѓу работните и семејните обврски.

„Исклучок од ваквото правило би биле работниците во оние дејности каде поради природата на работата и потребата од континиутет работните процеси не можат да се прекинат, за што овие работници со додатокот на плата за работа во недела, во некоја мера ќе бидат компензирани за работењето во ден кога повеќето работници одмараат. Оттука, посочуваме дека со Законот за работните односи се уредуваат работните односи помеѓу работниците и работодавачите, односно, меѓу другото, се уредуваат правата од работен однос, со што во конкретниот случај со наведениот Предлог на Закон се уредува правото на работниците на неделен одмор и начинот на користење на истиот“, рекоа од Министерството за труд и социјална политика.

Доколку Министерството за труд не се предомисли и не ги исклучи пазарите од измената на законот, и пазарџиите, но и компаниите кои стопанисуваат со пазарите најавуваат протести.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: