Претседателот Стево Пендаровски во своето денешно обраќање изјави дека нема потреба за нова вонредна состојба.
На 30 мај донесов одлука за продолжување на вонредната состојба, која истекува утре. Сите претходни вонредни состојби ги прогласував на барање на Владата, по заседавање на Советот за безбедност. Претседателот може и без барање на владата да прогласи вонредна состојба, но тоа не го направив. Во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, рече Пендаровски.
Во своето денешно обраќање тој рече дека постои законска регулатива во случај да има потреба да се применуваат мерките како што се полициски час или воведување други превентивни мерки.