Навивачката група Гемиџии ова коло најавува дека своите миленици нема да ги остави сами, туку напротив играчите ќе ја имаат нивната поддршка.
„Оваа сезона со нетрпение ја очекувавме да се вратиме назад на нашиот стадион и такви муабети кружеа околу нас како да се вратиме на местото каде што припаѓаме да се одигра добра утакмица со добра дружба, оваа недела што иде ке имаме прилика за такво нешто, оваа недела нашата екипа ја пречекува екипата на Академија Пандев, што е вистинско дерби за нашиот клуб кој одлично ја започна сезоната за жал без нас, но оваа недела ке ја имаат вистинската поддршка од нас, па бидете и вие дел од нас 15:00 часот собир во Младински парк (Шпанија)“, се вели во соопштението на официјалниот фб профил на навивачката група Гемиџии.
Од таму порачуваат максимално почитување на мерките за заштитата и задолжително носење на маска.
Екипата на Борец од Велес, во четвртотото коло од ПФЛ во недела од 16 часот, на домашен терен ја пречекува екипата Академија Пандев од Струмица.
Поради пандемијата со коронавирусот стадионите ширум светот се затворени за публика, па така и кај нас натпреварите се играат пред празни трибини.
Можеби ќе ве интересира: