Фудбалерките на Борец продолжуваат со одличните игри на гостински терен. И во петиот натпревар на гостински терен се враќаат со полн плен. Во рамките на деветото коло од Првата женска фудбалска лига беа подобри од екипата на Речица со резултат 0:2.
Натпреварот беше решен во првите 30 минути кога велешанки преку Максимовиќ во 11 минута поведе со 0:1, а во 30 минута новото засилување Велинова го зголеми резултатот на конечни 0:2.
Содржината продолжува под рекламата
По одиграни девет кола Борец се наоѓа на четвртото место со 18 освоени бода, три помалку од лидерот Скопје 2014. Во наредното коло противник на фудбалерките на Борец ќе биде екипата на АС Јунајтед, која исто така се бори за висок пласман на табелата.
Можеби ќе ве интересира: