Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по седмата седница на Советот за безбедност истакна дека вонредната состојба ќе се продолжи во следните 14 дена.
„После седницата на Советот за безбедност, бев информирам за случувањата во изминатите денови. Ќе донесам нова одлука за 14 дена вонредна состојба која почнува да тече од утре. Оваа одлука нема никаква корелација со датумот за изборите“, рече Пендаровски.