Нови 164 случаи на заразени од Ковид 19 регистрира Институтот за јавно здравје на Македонија од 1045 тестирања.
Најмногу се од Скопје 85, Куманово со 24, Тетово 18, Штип и Струга по пет, Охрид девет. Дебар и Прилеп имаат регистрирано по три нови случаи, Гостивар, Ресени Свети Николе по два и Гевгелија, Крива Паланка , Кочани, Македонски Брод, Валандово и Неготино по еден нов случај.
Институтот за јавно здравје регистрира и 12 оздравени пациенти, и тоа Прилеп шест, Скопје три, Велес, Струга и Виница по еден оздравен пациент.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.
Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.