Нови 23 велешани заразени со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Центарот за јавно здравје Велес. Оттаму информираат дека во моментов во Велес има 689 активни случаи на ковид-19, од кои 63 се хоспитализирани, а 626 се лекуваат во домашни услови.
На инфективното одделение во велешката болница од коронавирус се лекуваат 54 пациенти, осум се хоспитализирани во приватни клиники во Скопје, а еден велешанец се наоѓа на Торакално-васкуларната клиника во Скопје.
Од почетокот на пандемијата до денес 2479 велешани се заразија со коронавирус, оздравеа 1711 ,а починаа 79 граѓани.
Можеби ќе ве интересира: