По вчерашниот настан од село Горно Јаболчиште, кога жена нападнала тројца мажи во нивниот дом, денес нов инцидент е пријавен во Полицискта станица Чашка. Вработен во основно училиште „Лирија“, пријавил дека бил нападнат од двајца соселани во ходникот на училиштето.
„На 01.11.2021 во Полициското одделение Чашка, Џ.У.(29) од с.Горно Јаболчиште, вработен во основно училиште „Лирија“, пријавил дека околу 07.30 часот во ходникот на училиштето бил физички нападнат од М.Ш.(41) и Р.У.(37), двајцата од с.Горно Јаболчиште“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: