По серијата поскапувања во изминатиот период, Регулаторна комисија одлучи од ноќеска на полноќ минимално да ги намали цените на горивата во нашата земја.
Ова значи дека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и Еуродизелот, од ноќеска на полноќ ќе се продаваат за половина денар поевтино од претходно.
Според ова, во текот на следната недела, за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме 67 денари, за Еуросупер БС-98 69 денари, додека Еуродизел ќе чини 56,50 денари по литар наточено гориво.
Можеби ќе ве интересира: