Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за два денари, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата.
Содржината продолжува под рекламата
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 2 денари и од 00:01 часот ќе се продава по цена од 85 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 останува иста, и ќе се продава по цена од 85,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе изнесува 76 денари по литар.
Содржината продолжува под рекламата
Непоремената останува и цената на екстралесното масло, 75 денари, како и цената на мазутот која изнесува 43,8 денари.
Можеби ќе ве интересира: