Од утре нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19

Собрание-2020-2024

Почнувајќи од утре (четврток) сите граѓани, освен оние кои спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено.

Zito akcija 640x289px

Собранието вечерва со 53 гласови за, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се овозможуваат новите заштитни мерки против Ковид-19.

Agria

Министерот за здравство Венко Филипче, образложувајќи го законот, истакна дека новите измени на Законот произлегуваат од се поголемиот број регистрирани случаи и преполнување на болниците, како и, како што рече, поучени од искуствата и спроведувањето контрола од претходно пропишаните превентивни мерки.

„Со измените се уредува најпрво начинот на лекување на пациентите во смисла на институциите каде што се лекуваат, што сега е уредено со уредба со законска сила што важи до 31 декември и има потреба да се продолжи и понатаму, со оглед на тоа што е очгиледно дека пандемијата не стивнува, како и зголемување на ингеренциите на инспекторатите во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки“, рече Филипче.

Пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во обраќање на собраниската седница укажа дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ од Законот е избришана мерката за забрана на групирање во домовите. Ова, додаде тој, следи по нашето укажење за повреда на домот и приватноста предвидени во Уставот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14818/nov-czrn-rekord-na-zarazeni-vo-makedonija/